Ферстапен казнет со три позиции во Сочи поради судирот со Хамилтон на „Монца“

Ферстапен казнет со три позиции во Сочи поради судирот со Хамилтон на „Монца“

пред 3 години

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен е казнет со додавање на плус три позиции во претстојната Ф1 трка за Големата награда на Русија во Сочи откако денеска во „Монца“ бил виновен за инцидентот со Луис Хамилтон по кој двајцата ја завршија трката.

Незгодата се случи во 26. круг кога Хамилтон излегуваше од боксот. Дојде до контакт, болидот на Холанѓанецот отскокна од ивичникот и заврши врз болидот на Британецот. Двајцата неповредени излегоа од возилата.
Освен казната од 3 позиции во Сочи, Ферстапен доби и два казнени поени во својата дозвола.

Двајцата пилоти се во жестока трка за тиулата во Ф1, но после трката во Италија Холанѓанецот ја задржа предноста од 5 бода во однос на противникот.

Трката за ГН на Русија се вози на 26. септември.

Share
Scroll to Top