Ферстапен победи и се израмни со Прост, катастрофа за Перез на домашен терен

Ферстапен победи и се израмни со Прост, катастрофа за Перез на домашен терен

пред 6 месеци

Foto/ EPA

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен ја заблежа 16.победа во сезоната. Холанѓанецот славеше на трката за Големата награда на Мексико. Место на подиумот изборија Луис Хамилтон од Мерцедес и Шарл Леклер од Ферари. Ферстепн ја забележа 51. победа во кариерата и на четвртото место на вечната листа се израмни со Алан Прост.

Покрај Ферстапен, трката во Мексико ја обележаа домашниот возач Серхио Перез, возачот на Хас, Кевин Магнусен и Ландо Норис од Мекларен.

Ферстапен во првиот свиок ја презеде челната позаиција од возачите на Ферари, Леклер и Саинц. Тој своик беше кобен за Перез, кој имаше контакт со Леклер, го оштети болидот и мораше да се повлече од трката.

Магнусен во 33. круг, при голема брзина удри во ѕидот, а потоа неговиот болид се запали.

Поради тоа трката беше прекината, имаше уште еден старт, од кој профитираше Хамилтон кој успеа да го мине Леклер.

Норис возеше одлична трка, стартуваше 19., на крајот заврши на петтото место, откако по рестартот успеа да мине седум возачи.

Покрај најдобрите тројца бодови во Мексико освоија Саинц, Норис, Расел, Рикардо, Пјастри, Албон и Окон.

Наредната трка ќе се вози во Бразил.

Share
Scroll to Top