Фетел: Имаше некои битки во Ферари кои не требаше да ги водам

Фетел: Имаше некои битки во Ферари кои не требаше да ги водам

пред 4 години

Себастијан Фетел признава дека имало „битки“ кои не требал да ги води во Ферари, но на крајот не жали за времето поминато во италијанскиот тим.

Четирикратниот светски шампион ја „привршува“ својата кариера во Скудерија, откако Ферари реши да не му го продолжи договорот за 2021 и ќе биде заменет од Карлос Саинс Јуниор од Мекларен, додека тој ќе има нов предизвик во Рејсинг поинт, тим кој наскоро ќе се вика Астон Мартин.

Иако многу Ф1 фанови покажуваа кон необичните грешки кој самиот Фетел ги правеше на патеката, Германецот открива дека имало битки во тимот кои беспотребно ги започнал, иако не сакаше да дава специфични детали.

„Не верувам дека има некакво каење кога ќе се погледне наназад. Вистината е дека не успеав бидејќи си ја поставив целта да станам светски шампион со Ферари. Не успеав во тоа. Имаше работи кои можев да ги направам подобро. Работи кои требаше да ги забележам порано. Битки кои не требаше да ги започнам. Но, тие работи ме донесоа каде што сум. Не зборувам за работи кои се случија на патеката, како грешката во Хокенхајм. Зборувам за работи кои се случуваа надвор од патеката. Но, ќе останам фер и строг и ќе кажам дека не успеав. Имаше причини? Најверојатно, но нема да ги бирам како изговори“, вели Фетел.

Share
Scroll to Top