ФИА покрена истрага против Ферстапен – Холанѓанецот се соочува со казна

ФИА покрена истрага против Ферстапен – Холанѓанецот се соочува со казна

пред 3 години

Макс Ферстапен е повикан на состанок со дирекцијата на трката, пред Големата награда на Холандија. Холанѓанецот, на вчерашниот тренинг, поминал друг болид во момент кога на патеката било истакнато црвено знаме.

Холанѓанецот, возел брз круг на вториот тренинг, кога тој во еден момент бил прекинат. Потоа се појавиле фотографии кои покажуваат дека Ферстапен го претекнува Ленс Строл. Претекнувањето се случило кога било истакнато црвено знаме.

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, тврди дека Ферстапен не го прекршил правилото, туку дека веднаш се повлекол кога било истакнато црвеното знаме. Тој рекол дека Строл не возел брз круг, поради што Ферстапен само понимал покрај него, бидејќи немал време да реагира.

ФИА во минатото ригорозно казнувала кога било прекршено ова правило. Последен таков пример е Ландо Норис, кој на Големата награда на Андалузија кој беше вратен три места назад во однос на позицијата што ја освои во квалификациите.

Доколку се утврди дека Ферстапен го прекршил правилото и тој ќе биде казнет.

Share
Scroll to Top