Фиго за писмото на Зидан: Сите знаеме како функционира Реал Мадрид

Фиго за писмото на Зидан: Сите знаеме како функционира Реал Мадрид

пред 3 години

Луиш Фиго вели дека „сите знаеме“ како се одвиваат работите во Реал Мадрид, реагирајќи на бурното писмо на Зинедин Зидан со кое неговиот поранешен соиграч си замина од клубот велејќи дека не чувствувал доволно поддршка.

Тој призава дека секој има свое лично искуство со Реал Мадрид, но признава дека „кралскиот клуб“ има историја на неславно збогување со своите легенди.

„Секогаш е компликувано кога некој си заминува и лесно е да се даваат оценки. Во клуб како Реал Мадрид, треба да се внимава на малите детали пред тие да станат големи. Штета што Зизу заминува на ваков начин. Не се видов со него бидејќи патував, но ако тој вели дека му е потребна поголема поддршка, тогаш ако тој со толку заслуги за клубот не ја добива, тогаш кој ќе ја добие? Но, сите знаеме како функционираат работите во Реал Мадрид“, вели Фиго.

Тој веднаш има свој фаворит за испразнетата клупа, уште еден негов поранешен соиграч, Раул Гонзалез, кој во моментов е тренер на Кастилја, Б-тимот на „кралевите“.

„Секако, мојот пријател Раул! Мора да размислувате за тренер со стратегија за сегашноста, но и за иднината“, објаснува Фиго.

Зидан: Не ја почитуваа мојата работа

Share
Scroll to Top