Финска ја забележа првата победа во квалификациите

Финска ја забележа првата победа во квалификациите

пред 3 години

Финска и Казахстан, во Хелсинки, го одиграа првиот меч од четвртото коло, во Д-групата. Оваа група е една од најинтересните во кавлификациите за пласман на Европското првенство. Во претходните три рунди, само Франција успеа да победи, сите останати селекции имаа нула победи.

Попладнево, Финска славеше над Казахстан со 1:0. Единствениот гол го постигна напаѓачот Похјанпало во 60.минута.

Похјанпало влезе во историјата на финскиот фудбал, тој постигна најмалку еден гол на последните седум натпревар за репрезентацијата.

Финците со оваа победа се искачија на второто место со пет поени.

Вечерва во оваа група ќе играат Украина и Франција.

Share
Scroll to Top