Фирпо пред трансфер во Лидс

Фирпо пред трансфер во Лидс

пред 3 години

Лидс јунајтед имаат договор за трансфер на дефанзивецот на Барселона, Жуниор Фирпо за 15 милиони евра, тврди порталот „Гол“.

Лидс ја добија битката за Фирпо пред неколку премиерлигаши и клубови од Серија А, и 24-годишниот Фирпо ќе биде првото засилување на „белите“ на Марсело Биелса, откако Барселона инсистира да брз договор поради финансиските проблеми во тимот.

Фирпо е третиот фудбалер кој ќе замине од Барса последните неколку дена по трансферот на Жан-Клер Тодибо во Ница и отпуштањето на Матеуш Фернандеш. Се очекува уште фудбалери да го напуштат „Ноу Камп“ поради финансиските проблеми на клубот.

Share
Scroll to Top