ФИФА повторно го одложи почетокот на африканските квалификации за СП 2022

ФИФА повторно го одложи почетокот на африканските квалификации за СП 2022

пред 3 години

ФИФА, во четвртокот, објави дека квалификациите за пласман на Светското првенство во 2022, во африканската зона, ќе започнат во септември. Ова е втор пат ФИФА да го одложи почетокот на квалификациите во Африка. Планирано беше тие да започнат во октомври минатата година, но тогаш почетокот го одложи коронавирусот.

„ФИФА може да потврди дека заедно со Африканската конфедерација, поради проблемите со вирусот Ковид-19 и желбата да се обезбедат максимални услови за играње на натпреварите, да го одложи почетокот на квалификациите“, соопшти светската Куќа на фудбалот.

Квалификациските натпревари во Африка ќе се играат во септември, октомври и ноември оваа година и март наредната година.

Во африканските квалификации за пет места на СП ќе се борат 54 репрезентации.

Share
Scroll to Top