ФИФА покрена истрага против аргентинските репрезентативци

ФИФА покрена истрага против аргентинските репрезентативци

пред 4 месеци

ФИФА покрена истрага поврзана со видеото кое се појави на социјалните мрежи во кое неколку аргентински репрезентативци по освојувањето на Копа Америка пеат навредливи песни против француските играчи.

Француската фудбалска федерација (ФФФ) ги окарактеризира како „расистички и дискриминаторски“ ги пријави Аргентинците, а ФИФА порача дека „најостро осудува каква било форма на дискриминација кон било кој, играчи, навивачи или судии“.

Фудбалерот на Челси, Весли Фофана го опиша контроверзното видео објавено на социјалните мрежи од неговиот клупски соиграч Енцо Фернандез како „нескротлив расизам“, а Фернандез подоцна се извини велејќи дека е „бил понесен од еуфоријата на прославата“.

Share
Scroll to Top