Неколку недели пред стартот на Светското првенство во Катар, ФИФА му се закани на Тунис со исклучувае од Мундијалот доколку продолжи мешањето на владата во фудбалската федерација. Тунис, 27-рангираната репрезентација на светот е во групата Д со Австралија, Данска и Франција во Катар.
Предупредувањето доаѓа откако министерот за спорт и млади, Камел Дегиш неколку пати изјави дека постои можност за „расформирање“ на федералната фудбалска федерација. ФИФА побарала од Туниската фудбалска федерација (ФТФ) дополнителни информации околу случајот и потсетеи дека членките на ФИФА имаата „легална обврска да работат независно и без влијание од владата“.
Две африкански земји, Зимбабве и Кенија во моментов се суспендирани од ФИФА поради истите прични, а Индија беше суспендирана во август, пред еден месец подоцна суспензијата да биде крената.