ФИФПРО ги објави идеалните тимови за 2025 година

ФИФПРО ги објави идеалните тимови за 2025 година

пред 21 час

Здружението на професионални фудбалери, ФИФПРО, во понеделникот ги објави идеалните тимови во машката и женската конкуренција за 2025 година. Повеќе од 26.000 фудбалери од 68 земји гласаа за најдобрите 11 во машката и женската конкуренција.

Во „идеалните 11“ се вклучени најмногу играчи од европскиот шампион Пари Сен Жермен: Ашраф Хакими, Нуно Мендес, Витиња и Усман Дембеле, како и поранешниот играч Џанлуиџи Донарума, кој ја освои Лигата на шампионите со Парижаните и се пресели во Манчестер Сити ова лето.

Со само 18 години, напаѓачот на Барселона, Ламин Јамал, стана најмладиот играч именуван во тимот на годината, соборувајќи го рекордот поставен од Килијан Мбапе во 2018 година, кога францускиот напаѓач беше именуван во тимот на 19 години.

Посебно изненадување е отсуството на ѕвезди како Ерлинг Халанд, Мохамед Салах и Рафиња, кои не влегоа во првите 11.

Идеалните 11 (Мажи):

Голман: Џанлуиџи Донарума (ПСЖ/Манчестер Сити, Италија)

Одбрана: Вирџил ван Дајк (Ливерпул, Холандија), Ашраф Хакими (ПСЖ, Мароко), Нуно Мендес (ПСЖ, Португалија)

Среден ред: Џуд Белингам (Реал Мадрид, Англија), Кол Палмер (Челзи, Англија), Педри (Барселона, Шпанија), Витиња (ПСЖ, Португалија)

Напаѓачи: Усман Дембеле (ПСЖ, Франција), Килијан Мбапе (Реал Мадрид, Франција), Ламин Јамал (Барселона, Шпанија).

Во женска конкуренција има најмногу англиски фудбалерики, дури шест. Меѓу нив е Луси Бронз, која испиша историја, осми пат е во тимот на годината, надминувајќи ја Французинката Венди Ренард.

За прв пат, две африкански фудбалерки, Барбра Банда (Замбија) и Гизлан Чебак (Мароко), се појавуваат во идеалните единаесет.

Идеални 11 (Жени):

Голман: Хана Хемптон (Челзи, Англија)

Одбрана: Она Батле (Барселона, Шпанија), Мили Брајт (Челзи, Англија), Луси Бронз (Челзи, Англија), Леа Вилијамсон (Арсенал, Англија)

Среден ред: Аитана Бонмати (Барселона, Шпанија), Гизлејн Чебак (Бадалона/Ал-Хилал, Мароко), Алексија Путелас (Барселона, Шпанија)

Напаѓачи: Барбра Банда (Орландо Прајд, Замбија), Клои Кели (Манчестер Сити/Арсенал, Англија), Алесија Русо (Арсенал, Англија)

Share
Scroll to Top