Флик е загрижен: Баерн прави премногу грешки!

Флик е загрижен: Баерн прави премногу грешки!

пред 3 години

Баерн Минхен се на првото место во Бундеслигата и веќе обезбедија пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите, но тренерот Ханси Флик не е задоволен, велејќи дека играат многу невнимателно и дека мора да се поправат грешките.

Баерн ги совлада РБ Салцбург со 3:1 во средата во Лигата на шампионите, каде што имаат постигнато 15 голови, најмногу од сите клубови, но Флик е загрижен за одбраната. Иако уште немаат направено грешка која резултирала со гол во Бундеслигата или ЛШ, во последните три меча имаа две грешки кои резултираа во шанси. Покрај тоа, додавањата на тимот се помалку прецизни од лани – од 94.7 проценти во ЛШ минатата сезона на 90.9 проценти оваа сезона.

„Кога ја имаме топката, правиме премногу грешки. Никој не очекува лошо додавање, што значи дека си на погрешна положба. Мораме да играме потрпеливо и да притиснеме почесто. Одбраната, исто како нападот, мора да се игра тимски и сите да учествуваат. Концентрацијата не е тука, но барем победуваме. Мораме да се соземеме, да направиме анализа и да го поправиме тоа“, вели Флик.

Share
Scroll to Top