Фотка од 2,6 милиони лајкови

Фотка од 2,6 милиони лајкови

пред 3 години

Роналдињо, легендата на светскиот фудбал, на Инстграм има 56 милиони следбеници. На оваа социјална за нив сподели фотграфија од забавата, во еден ноќен клуб во Мајми.

На фотографијата покрај Роналдињо се Пол Погба, Блез Матуиди и Паоло Дибала.

„На оваа фотографија се тројца светски шампиони и десетката на Јувентус“.

Светска титула покрај Роналдињо имаат и Французите Погба и Матуиди, а десетката на Јувентус е Дибала, кој поради повреда не игра за националниот тим на Копа Америка.

Пол Погба, по елиминацијата на Франција од Европското првенство, се наоѓа на одмор во Мајами, каде домаќин му е поранешниот соиграч Матиуди, кој настапува за Интер Мајами.

Фотографијата која ја објави Роналдињо за кратко време доби 2,6 милиони лајкови и 10.000 коментари.

Share
Scroll to Top