Фоњини е дисквалификуван во Барселона – го пцуел линискиот судија

Фоњини е дисквалификуван во Барселона – го пцуел линискиот судија

пред 4 години

Италијанскиот тенисер Фабио Фоњини по првпат во кариерата е дисквалификуван од еден тениски турнир.

На турнир од серија АТП 500 во Барселона Италијанецот во мечот против Сапате Мираљес беше испратен предвреме во соблекувалната поради непримерно однесување.

Информациите од Каталонија се дека Фоњини кој го загуби првиот сет со 6-0, а во вториот имаше 4-4 го пцуел линискиот судија.

Иако засега нема конкретни детали што точно се случувало и што навистина Фабио му порачал на судијата, се наведува дека дисквалификацијата е поради константно навердување. Така Мираљес обезбеди пласман во следната фаза на турнирот.

Погледнете дел од случувањата на овој меч:

Share
Scroll to Top