Французите и Швеѓаните со супериорност до четврт-финале

Французите и Швеѓаните со супериорност до четврт-финале

пред 3 години

Фаворитите Франција и Шведска не дозволија никаква неизвесност околу нивниот пласман во четврт-финалето на Светското првенство во Египет, стигнувајќи до убедливи победи во последните мечеви од втората групна фаза на Мундијалот.

Избегнувајќи секакви „комбинаторики“, Французите го одиграа најдобриот меч на првенството, доминирајќи над Португалија и стигнувајќи до победа од 32:23 за прво место во групата 3 пред Норвешка, а во исто време Шведска исто толку беше супериорна над Русија, победувајќи со неверојатни 14 гола разлика (34:20) за да го освои првото место во групата 4 пред Египет.

Освен на почетокот на мечот, кога двапати Португалија имаше по гол предност, Франција ја имаше контролата на играта, правејќи дури +10 во второто полувреме. Иго Деска имаше осум гола за „триколорите“,  по пет уфрлија Н’Гесан и Мем. Шведска, пак, работите ги реши уште во првото полувреме, кога имаа дури девет гола предност против Русија (17:8)

Швеѓаните во четврт-финалето ќе се сретнат со второпласираниот од групата 2, каде што во игра уште се Данска, Аргентина и Хрватска, додека Французите ќе играат со второпласираниот во групата 1, Унгарија или Шпанија.

СП ЕГИПЕТ, ВТОРА РУНДА

ГРУПА 3

Алжир – Швајцарија 24:27 (13:15)

Исланд – Норвешка 33:35 (18:18)

Португалија – Франција 23:32 (12:16)

Табела: 1.Франција 10, 2.Норвешка 8, 3.Португалија 6, 4.Швајцарија 4, 5.Исланд 2, 6.Алжир 0

ГРУПА 4

Македонија – Белорусија 26:30 (14:14)

Словенија – Египет 25:25 (14:8)

Русија – Шведска 20:34 (8:17)

Табела: 1.Шведска 8, 2.Египет 7,  3.Словенија 6, 4.Русија 5, 5.Белорусија 4, 6.Македонија 0

Share
Scroll to Top