Француската рагби легенда Доминики се самоуби

Француската рагби легенда Доминики се самоуби

пред 3 години

Поранешниот француски рагби великан, Криштоф Доминики бил пронајден мртов во паркот Сен-Клод во близината на Париз, откако полицијата добила известување од очевидци дека човек скокнал од една напуштена зграда.

48-годишниот Доминики имаше 25 обиди во кариера во која играше на три Светски купови за Франција и беше миленик на француските навивачи, кои не го забораваат неговиот потег во полуфиналето на Светскиот куп во 1999 против Нов Зеланд кога ги предводеше до историски камбек.

Доминики се повлече од рагбито во 2008 по 17 години и стана тренер во Стад Франсе, каде што остана една сезона. Во 2007 година во својата автобиографија тој призна дека често страдал од депресија, објаснувајќи ја сексуалната злоупотреба во детството и трагичната смрт на неговото семејство.

Share
Scroll to Top