Фрчат откази во Глазгов Ренџерс

Фрчат откази во Глазгов Ренџерс

пред 2 часа

Глазгов Ренџерс, под притисок на навивачите, ги отпушти извршниот директор Патрик Стјуарт и спортскиот директор Кевин Телвел.

Одлуката стапи на сила веднаш, а клубот им објасни на Стјуарт и Телвел дека „не се вклопуваат во визијата за следното поглавје“.

Цената на лошиот почеток на сезоната прв ја плати тренерот Расел Мартин, кој беше отпуштен во октомври, по само 17 натпревари на клупата.

Но, навивачите продолжија да вршат притисок врз клубот радикално да ги промени работите.

Стјуарт и Телвел се во клубот околу една година, а оттогаш клубот го презеде американски конзорциум предводен од Ендрју Кавана, кој сега го назначи менаџерот Фрејзер Торнтон за вршител на должноста извршен директор додека не се најде замена.

Во периодот кога претходниот тренер беше отпуштен, Ренџерс беа на осмото место на табелата, 11 бода зад Хартс. Од доаѓањето на Дени Рол, разликата се намали и Ренџерс се четврти на табелата.

Share
Scroll to Top