Атлетико Минеиро ја елиминира Бока јуниорс во осмина-финалето, во Копа Либертадорес. Двата натпревари завршија без голови, Атлетико во четврт-финалето се пласираше со победата на пенали од 3:1.
Само Маркос Рохо погоди за Бока во првата серија, сите останати промашија, додека за Атлетико прецизни беа Фернандес, Алонсо и голманот Еверсон.
По мечот се случија инциденти, поради кои осум играчи на Бока јуниорс завршиле во полиција.
Фудбалерите на Бока се обиделе да се пресметаат со обезбедувањето и полицијата. Наводно тие се обиделе да влезат и во соблекувалната на Атлетико.
На крајот морал да интервенира и амбасадорот на Аргентина во Бразил, кој побарал играчите, со кауција, да бидат пуштени на слобода.
Se ve que en la transmision de allá no lo pasaron. pic.twitter.com/uMxyP47b59
— Faka (@Faka_sc) July 21, 2021