Фудбалерите на Панама ги победија Американците, Уругвајците ги декласираа Боливијците

Фудбалерите на Панама ги победија Американците, Уругвајците ги декласираа Боливијците

пред 11 месеци

Фудбалерите на Панама во второто коло од групата Ц го победија домаќинот на Копа Америка, САД со резултат 2:1, додека Уругвај убедливо со 5:0 ја победи Боливија.

Домаќинот на Копа Америка, Соединетите Американски Држави се наоѓа пред елиминација од турнирот по поразот од Панама со 1:2, бидејќи во последното коло ќе мора убедливо да го совлада Уругвај или само да освои три бода.

Тимоти Веа беше исклучен во 18. минута, но Американците поведоа и со играч помалку во 22. минута, со вториот гол на турнирот на Фоларин Балогун Цезар Родолфо Блекман израмни во 26. минута, а замената Хозе Фахардо Нелсон и донесе победа на Панама со гол во 86. минута. И Панама мечот го заврши со десетмина, бидејќи во 88. минута беше исклучен Адалберто Караскиља.

Share
Scroll to Top