Фудбалерите на САД елиминирани од Копа Америка

Фудбалерите на САД елиминирани од Копа Америка

пред 10 месеци

Фудбалерите на Соединетите Американски Држави доживеаја елиминација од Копа Америка на која се домаќини, откако загубија од Уругвај со 0:1 во натпреварот од третото коло од групата Ц.

Стрелец на голот за победа на Уругвај беше Матиас Оливера во 66. минута.

Уругвај групната фаза ја заврши со максимални девет бода и го освои првото место во групата Ц.

Share
Scroll to Top