Фудбалерите на Јуве се збунети, Пирло не зборува за тактика со нив?

Фудбалерите на Јуве се збунети, Пирло не зборува за тактика со нив?

пред 3 години

Италијанскиот весник „Ил кориере дела сера“ тврди дека фудбалерот на Јувентус се збунети од тренерот Андреа Пирло бидејќи тој воопшто не зборувал а фудбалската тактика со нив, и дека истото се случувало и со неговиот претходник Маурицио Сари.

Јувентус се на четвртото место во Серија А заедно со Наполи, на шест поени зад лидерите Милан, откако имаа само една победа во четири меча без Кристијано Роналдо во составот.

Според весникот, за фудбалерите на Јувентус е необично што Пирло не зборува со нив за тактика, туку го праќа неговиот заменик Игор Тудор, додека за време на мечевите задолжен за инструкциите е вториот помошник, Роберто Баронио. Тишината имала влијание на тимот, и Пауло Дибала и Дејан Кулушевски се посочени како фудбалери кои не разбираат што сака тренерот од нив на теренот, а слична ситуација е и со останатите тренери од средината, посебно кога се работи за одбраната.

Share
Scroll to Top