Фудбалер на Кочаелиспор удри во надвозник, па од автобус падна на улица

Фудбалер на Кочаелиспор удри во надвозник, па од автобус падна на улица

пред 4 години

Турскиот третолигаш Кочаелиспор вчера го прослави пласманот во втората фудбалска лига на Турција. На домашен терен со 4-0 беа подобри од Сакариспор, а по мечот тргна големо славје.

Играчите во отворен автобус парадираа низа градот, а малку недостасуваше да се случи голема трагедија.

Додека автобусот со играчите поминуваше под надвозник еден играч удри во столбот и падна на улицата пред автомобилите. За среќа помина само со полесни повреди.


На една од снимките во автобусот се гледа дека сите играчи се на врвот на автобусот, а несреќниот фудбалер во даден момент удира во дел од конструкцијата на надвозникот и паѓа на улицата.


Инаку, Кочаелиспор последен пат во првата турска лига играше во сезоната 2009/2010, а најголем трофеј им е освојувањето на турскиот Куп во 1997 и во 2002 година.