Фудбалер на Сантос урна рекорд стар 59 години

Фудбалер на Сантос урна рекорд стар 59 години

пред 4 години

Фудбалерот на Сантос, Анхело Габриел Боргес, испиша историја во Копа Либертадорес. Габриел урна рекорд стар 59 години и стана најмлад стрелец во историјата на ова натпреварување.

Сантос гостуваа во Аргентина, кај Сан Лоренцо, во квалификациите за пласман во главната фаза во Копа Либертадорес. Бразилците славеа со 3.1, Брага погоди во седмата, Марињо во 45., а историјата беше испишана во четвртата минута од судиското надополнување на времето во вториот дел, кога Габриел го совлада голманот на Сан Лоренцо.

Габриел со 16 години, три месеци и 16 дена го урна рекордот на Хуан Карлос Карденас.

Share
Scroll to Top