Фудбалер од Серија Б доби 10 меча казна за навредата „бунт на робовите“

Фудбалер од Серија Б доби 10 меча казна за навредата „бунт на робовите“

пред 3 години

Напаѓачот на италијанскиот второлигаш Пиза, Микеле Маркони доби суспензија од 10 меча поради расистичка навреда кон фудбалерот на Киево, Џоел Оби, потврди Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ).

Инцидентот се случи при 2:2 мечот на 22 декември, а Маркони прво беше ослободен од обвиненијата во март, пред да се појават нови докази кои не го прикажуваат Италијанецот во најдобро светло.

Киево трвдреа дека Маркони по еден старт му кажал на Оби дека се работи за „бунт на робовите“.

„Кога ја слушнав таа фраза, подолго време размислував дали навистина го кажа тоа. Продолжив да играм, но веќе не бев фокусиран. Неверојатно е во денешно време да се користат такви зборови“, изјави Оби тогаш.

Share
Scroll to Top