Фудбалски сон на Комори – обезбедија пласман на Африканскиот куп на нации!

Фудбалски сон на Комори – обезбедија пласман на Африканскиот куп на нации!

пред 3 години

Малата островска држава во Индискиот Океан, Комори, направија историски успех, квалификувајќи се за Африканскиот куп на нации по 0:0 ремито со Того, останувајќи непоразени во квалификациите.

Со девет поени од пет меча, со што имаат гарантирано прво или второ место во групата Г, фантастичен успех за нацијата со 850.000 жители. Ова е уште поневеројатен успех ако се знае дека тие имаат репрезентација од 2006 година, иако во последно време успеја да убедат многу емигранти во Франција да играат за репрезентацијата. Најпознат фудбалер од оваа земја е напаѓачот на Црвена Звезда, Ел Фарду Бен.

На Африканскиот куп на нации, кој ќе се оддржи во Камерун следниот јануари, веќе се квалификувани шампионите Алжир, Буркина Фасо, Гвинеја, Мали, Сенегал, Тунис, Гамбија, Габон, Египет.

Share
Scroll to Top