Хабиб ќе ја прекине пензијата ако му понудат 100 милиони долари

Хабиб ќе ја прекине пензијата ако му понудат 100 милиони долари

пред 3 години

Хабиб Нурмагомедов, без пораз со 29 победи во исто толку борби, реши да се пензионира. Во пензија замина како шампион во лесна категорија. Многумина веруваат дека Дагестанецот ќе се врати во октагонот, ако ништо друго за да ја заокружи бројката на победи.

Еден од оние кај кои нема сомнеж дека Нурмагомедов ќе им се врати на борбите е и првиот човек на УФЦ, Дана Вајт. Наводно Вајт ќе има состанок со Нурмагомедов кон крајот на годината во Абу Даби.

Во пресрет на состаникот, Нурмагомедов му испратил порака на Вајт, колку бара за да се бори уште еднаш.

„Најверојатно Дана ќе ми понуди пари. Доколку станува збор за 100 милиони долари, тогаш ќе ми биде тешко да донесам одлука. Да почекаме, да видиме какви се неговите размислувања“, рекол Нурмагомедов, кој потоа ја одбил можноста да се бори против Конор Мекгрегор или Дастин Поирие.

„Не сум заинтересиран за таква борба. Двајцата лесно ги победив“.

Share
Scroll to Top