Хаверц за Челси: Барав клуб со визија

Хаверц за Челси: Барав клуб со визија

пред 4 години

Каи Хаверц, рекол дека Челси е „клуб со визија“ и поради тоа решил карерата да ја продолжи на „Стенфорд Бриџ“.

Хаверц, во летниот преоден рок за сума од 80.000.000 евра од Баер Леверкузен се пресели во редовите на Челси.

„Важно ми беше да се преселам во клуб со визија. Ние сме малд тим, со многу одлични фудбалери. Сакаме да изградиме нешто овде, тоа ме мотивира. Поради тоа титулите со Челси ќе имаа поголема вредност“, рекол Хаверц.

„Многу размислував за опциите кои ми се нудат, за работите што ми се важни. Ја гледав Премиер лигата,м многу работи знаев за Челси. Преселбата во Англија е важен чекор и на приватен план“.

Германскиот репрезентативец, во Премиер лигата, има одиграно седум натпревари, постигнал еден гол и забележал две асистенции.

Share
Scroll to Top