Халанд има пет понуди, Манчестер сити најблиску до неговиот потпис

Халанд има пет понуди, Манчестер сити најблиску до неговиот потпис

пред 2 години

Ѕвездата на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд останува еден од најпосакуваните млади фудбалери на планетата, и според шпанското радио „Кадена СЕР“, во трка за неговиот потпис останаа само пет клубови.

Според нивните извори, Халанд и неговиот агент Мино Рајола може да бираат меѓу Барселона, Реал Мадрид, Манчестер сити, Баерн Минхен и Пари Сен-Жермен, но најблиску до него се англиските шампиони Манчестер сити.

Прв избор на Норвежанецот би бил Реал Мадрид, но од „кралевите“ му порачаа да почека уште една сезона, бидејќи ова лето главната цел е да се добие потписот на Килијан Мбапе, чиј договор со ПСЖ завршува. Дортмунд исто така се подготвени да му дадат „голема“ понуда за обновување на договорот, но тешко е да се верува дека тој би ја прифатил.

Share
Scroll to Top