Халанд решил каде сака да ја продолжи кариерата

Халанд решил каде сака да ја продолжи кариерата

пред 3 години

Ерлинг Халанд донел одлука во кој клуб сака да ја продолжи кариерата, доколку во Дортмунд решат да го продадат напаѓачот ова лето. За да биде реализирано ова сценарио, во Дортмунд ќе треба да пристигне понуда од најмалку 150 милиони евра.

Најбогатите европски клубот не го кријат интересот за младиот Норвежанец, но како што тврдат англиските медиуми, тој сакал кариерата да ја продолжи во Челси. Според овие извори, евентуалниот трансфер на Халанд, би бил последното парче во мозаикот на менаџерот Томас Тухел.

Наводно, Челси биле подготвени да платат 170 милиони евра за услугите на Халанд.

Доколку Дортмуд прифатат една ваква понуда од „Стенфорд Бриџ“, Халанд би станал третиот најскап играч во историјата на фудбалот. Прв на оваа листат е трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра, а втор трансферот на Килијан Мбапе од Монако во ПСЖ за 180 милиони евра.

Share
Scroll to Top