Халанд шоу во Севилја – асистенција и гол за шестминутен пресврт

Халанд шоу во Севилја – асистенција и гол за шестминутен пресврт

пред 3 години

Ерлинг Халанд уште еднаш покажа зошто пола европски гиганти го сакаат неговиот потпис, откако за шест минути создаде вистинска „ремонтада“ против Севилја, со една асистенција и еден гол да се поништи првичната предност на домаќините и Борусија Дортмунд да поведе со 1:2.

Севилја поведе преку Сусо во седмата минута, пред Халанд прво да му асистира на Дау во 19. минута, за во 27. минута по одлична акција заедно со Џејдон Санчо да направат пресврт.

Share
Scroll to Top