Халилхоџиќ: Зијеш е повреден само кога треба да игра за Мароко

Халилхоџиќ: Зијеш е повреден само кога треба да игра за Мароко

пред 3 години

Босанскиот тренер Вахид Халилхоџиќ го исклучи фудбалерот на Челси, Хаким Зијеш од мароканската репрезентација за мечевите од квалификациите за СП 2022, обвинувајќи го за „неприфатливо однесување“, односно за лажирање повреда само да не игра за националниот тим.

28-годишниот Зијеш оваа сезона има одиграно само 8 минути во премиерлигата, откако доби повреда на рамото во мечот од Суперкупот на УЕФА на почетокот на август. Мароко, без Зијеш, вечерва го пречекува Судан, а во понеделник ќе гостуваат на Гвинеја.

„Неговото однесување на последните два меча, не беше како на фудбалер кој е лидер во својата репрезентација и како на човек кој треба да биде пример. Тој пристига подоцна од сите, а потоа одби да работи. Нема за што да зборуваме, одговорот е во неговото однесување. Никој не смее да ја држи репрезентацијата во заложништво. Првпат гледам фудбалер кој одбива да игра бидејќи е наводно повреден. Медицинскиот тим не го потврди тоа. Потоа, одби да се загрева во второто полувреме, бидејќи не сакаше да е замена. Неприфатливо“, вели 69-годишниот Халилхоџиќ.

Share
Scroll to Top