Хамилтон: Предноста на Ред бул оваа сезона е огромна

Хамилтон: Предноста на Ред бул оваа сезона е огромна

пред 3 години

Луис Хамилтон смета дека неговиот тим Мерцедес е далеку зад ривалите од Ред бул, откако во неговата битка со Макс Ферстапен доживеа уште еден пораз на Австриското ГП.

Хамилтон беше само четврти во Шпилберг, додека Ферстапен стигна до трета победа едноподруго за да направи предност од 32 поени во генерален пласман. Британецот вели дека пропуштил лесно второ место откако го оштетил болидот, но додава дека Ред бул се едноставно многу брзи.

„И пред трката кажав дека ќе биде речиси невозможно да се победи Макс. Беше фрустрирачки што загубив потисна сила во задниот дел од болидот и не го заддржав второто место, бидејќи сега секој поен е важен. Но, како и да е, ќе можев да бидам само втор, бидејќи не можевме да ги стигнеме Ред бул. Многу далеку сме од нив и имаме голема работа пред нас. Тие донесоа многу подобрувања на болидот во последните трки, а ние не направивме ништо. Мораме да најдеме перформанси, бидејќи во спротивност често ќе имаме вакви резултати“, вели Ферстапен.

Share
Scroll to Top