Хезоња останува во Реал

Хезоња останува во Реал

пред 4 месеци

Марио Хезоња ќе остане во Реал Мадрид. Капитенот на репрезентацијата на Хрватска, во финишот на сезоната се поврзуваше со својот поранешен клуб Панатинаикос.

Хезоња, секгаш кога се зборуваше за неговата иднина потенцираше дека сака да има поголема улога во тимот. Тоа и го доби во финишот на сезоната.

Поради тоа решил да прифати нов двегодишен договор.

Хрватот му се приклучи на Реал во 2022 година и ја освои титулата во Евролигата во првата сезона со Мадрид. Годинава стигна до финалето, каде Реал загуби од Панатинаикос.

Оваа сезона во Евролигата во просек бележеше 13,5 поени, 4,6 скока, 0,9 асистенции и една украдена топка.

Share
Scroll to Top