Хемон: Поп само покажа кон мене, ова е историски момент

Хемон: Поп само покажа кон мене, ова е историски момент

пред 3 години

Беки Хемон влезе во историјата на кошарката, како прва жена која предводела тим на НБА натпревар. Хемон, ја презеде функцијата од Грег Поповиќ, кој беше исклучен во првото полувреме на натпреварот помеѓу Сан Антонио и ЛА Лејкерс (107:121).

„Ова е голема работа. Ова е историски момент. Дел сум од оваа организација од 2007 година. Долго сум посветена на овој проект, клубот вложи многу во мене“, рекла Беки Хемон.

Легендарниот тренер Грег Поповиќ беше исклучен пред крајот на втората четвртина, поради несогласувања со судиите.

„Покажа кон мене. Тоа беше тоа. Рече дека ми го препушта тимот“.

Заедно со Хемонд беа и помошниците Вил Карти и Мич Џонсон.

„Ова е тимска работа. Константно ми даваа предлози, ми помагаа околу измените, ми помагаа во се. Кога поп не е тука ние работиме како тим“.

Share
Scroll to Top