Откако Џек Грилиш го прекина годишниот одмор во Хрватска за да се врати за да потпише договор со Манчестер сити, и ѕвездата на Тотенхем, Хери Кејн ќе се обиде да издејствува трансфер во англискиот шампион, тврдат англиските медиуми.
Се очекува Астон вила да ја прифати понудата од 100 милиони фунти за Грилиш, нешто што го мотивира 28-годишниот Кејн, кој треба во понеделник да се врати на тренинзи со Тотенхем, да го „притисне“ претседателот Даниел Леви и да го примора на трансфер.
Според „Телеграф“, Кејн ќе се обиде да се разбере со Леви за трансферот во Сити, со кој „граѓаните“ би имале навистина застрашувачки напад. Останува да се види дали Тотенхем ќе искешираат за својата прва ѕвезда или ќе се помират со тоа да имаат несреќен фудбалер пред новата сезона.