Херојот од Сочи, Лендо низ солзи призна: Јас сум виновен, не го слушав тимот

Херојот од Сочи, Лендо низ солзи призна: Јас сум виновен, не го слушав тимот

пред 3 години

Лендо Норис со солзи во очите призна дека згрешил што останал на патеката откако почна да врне дожд на Руското ГП во Сочи, откако во сурова завршница му избега првата победа во кариерата, дозволувајќи му на Луис Хамилтон да стигне до својот 100. триумф.

Норис, како и сите возачи добија предупредување од своите тимови дека е потребно да влезат во бокс на четири круга пред крајот кога дождот во Сочи се засили, но тој им порача на своите механичари да „замолчат“ во обид да остане на патеката и со мазни гуми да стигне до славен триумф. Наместо тоа, тој имаше проблеми да го контролира болидот и потоа по влегувањето во боксот заврши како шести.

Мала утеха за него беше тоа што беше прогласен за возач на денот, и што го освои дополнителниот поен за најбрз круг.

„Не знам каде да почнам. Навистина сум уништен. Тоа што останав на патеката беше навистина лоша одлука. Но, јас ја направив, иако од тимот ми велеа да влезам во бокс“, изјави Норис по трката.

Ризикот на рускиот дожд не му се исплатеше на Лендо, Хамилтон со 100. победа!

 

Share
Scroll to Top