Херта го најде лекот за „Фармацевтите“, им скина 2 бода

Херта го најде лекот за „Фармацевтите“, им скина 2 бода

пред 3 години

Прекината е одличната серија на Баер Леверкузен во Бундеслигата. Популарните „Фармацевти“ одиграа без голови 0-0 на денешниот меч против Херта Берлин со што загубија два бода во трката со Баерн Минхен и Лајпциг на врвот на табелата.

По 9 кола Баер собра 19 бода, еден помалку од второпласираниот Лајпциг и -3 од лидерот Баерн.

Најдобрата прилика за погодок кај домашните ја пропушти Ларс Бендер во 93 минута кога биеше неколку сантиметри крај голот на гостите.

За Херта овој бод значеше искачување на 13-тата позиција на табелата, со 8 бода.

Share
Scroll to Top