Хетафе со во криза – Реал Сосиедад победија во Мадрид

Хетафе со во криза – Реал Сосиедад победија во Мадрид

пред 3 години

Реал Сосиедад ја продлабочија кризата во Хетафе. Екипата од Сан Себастијан, во неделата, забележа минимален триумф на „Колосеум Алфонсо Перез“, во Мадрид. Единствениот гол го постигна Александер Исак во 30.минута.

Хетафе и Реал Сосиедад одиграа ужасно лош натпревар, со 30 прекршоци само во првото полувреме и со само една одбрана на голманите. Голамнот на Сорија, ја имаше таа одбрана, во 93.минута од натпреварот.

Во финишот, Фернадез, не доби картон, поради грубиот старт врз дефанзивецот на Хетафе, Чакла. Тоа не му се допадна на тренерот Бордалас, влезе во расправија со напаѓачот на Реал Сосиедад поради што доби црвен картон.

Поради црвен картон, Бордалас го пропушти претходниот меч со Реал Мадрид.

Хетафе, се наоѓаат во сероја од три порази, односно забележаа четири порази на последните пет натпревари. Екипата од Мадрид се наоѓа на 13.место со 24 поени, само три повеќе од опасната зона. Сосиедад се петти со 38 бода.

Share
Scroll to Top