Баерн Минхен ја декласира Борусија Менхенгладбах со 6:0, за потврда на деветата титула по ред во Бундес лигата. Баерн и пред овој меч ја обезбедија титулата, благодарение на поразот на Лајпциг во Дортмунд.
Баерн до триумфот дојдоа со хет-трик на Роберт Левандовски. Полјакот во досегашниот дел од првенството има постигнато 39 голови, еден му недостига да го израмни апсолутниот рекорд на Герд Милер, а два тој да стане рекордер.
Баерн во првото полувреме постигнаа четири гола, два пати стрелец беше Левандовски, а по еден гол постигнаа Милер и Коман. Во второто полувреме Левандовски го комплетираше хет-трикот, а точка на мечот стави Сане.