Хет-трик на Обамејанг – Арсенал го „скокна“ Лидс

Хет-трик на Обамејанг – Арсенал го „скокна“ Лидс

пред 3 години

Пјер-Емерик Обамејанг постигна хет-трик, а Арсенал славеше над Лидс јунајед со 4.2 (3:0). По ова 24.коло, тимовите ги заменија местата на табелата, Арсенал сега се на десетто место, а Лидс е место подолу.

Најскапиот играч на Арсенал, Обамејнаг, го одигра најдобриот меч во сезоната, постигна три гола и му овозможи лесна победа на својот тим.

Арсенал по двата порази, конечно одиграа добар натпревар и го декласираа Лидс. Офанзивната линија на Арсенал во која покрај Обамејанг беа и Едегард, Сака и Смит-Роу го носеше тимот во текот на целиот меч.

Обамејанг првиот гол го постигна во 13.минута, потоа реализираше пенал во 41., а до крајот на полувремето гол постигна и Бељерин. Хет-трикот, Габонецот го комплетираше во 47.минута.

Лидес се обидоа да се вратат во мечот, постигнаа два гола преку Стријк во 59. и Коста во 69.минута, меѓутоа немаа сили за сензација.

Македонскиот репрезентативец, Алиоски за Лидс играше до 53.минута.

Share
Scroll to Top