Хејс-Дејвис се договорил со Панатинаикос

Хејс-Дејвис се договорил со Панатинаикос

пред 3 часа

Актуелниот МВП на Евролигата, кој не се снајде во НБА лигата, Најџел Хејс-Дејвис (31), кариерата ќе ја продолжи во Панатинаикос.

Шампионот минатата сезона со Фенербахче, по освоената титула замина во Феникс Санс, не доби премногу простор за игра, пред десет дена беше разменет во Милвоки Бакс, а наредниот ден доби отказ.

Логично беше да се врати во Европа. За неговиот потпис се тркаа Фенербахче, Хапоел Тел Авив и Панатинаикос.

Дека Амереканецот ќе слета во „зелениот“ дел на Атина, потврди газадата на ПАО, Димитрис Јанакопулос.

Хејс-Дејвис ќе потпише договор со грчкиот клуб до летото 2028 година и ќе заработува повеќе од 5.000.000 евра годишно.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top