Аргентинската кошаркарка Антонела Гонзалес стана главна атракција во татковината затоа што во текот на натпревар ја доеше својата 11-месечна ќеркичка.
Гонзалес која настапува за тимот на Томас де Рокамора на мечот против Велес Сарсфилд мораше да ја заврши „мајчината обврска“.
По мечот го објасни потегот.
„Секогаш ја хранам пред натпреварите. Понекогаш и неа, но и мене ми е потребно тоа. Го завршивме разговорот со тренерот, му реков дека ми треба малку време. Се беше принудно. Изненадена сум што нешто толку многу природно имаше таков оддек, но среќна сум поради тоа. Се надевам дека ова ќе е пример за мајките по бременоста и породувањето да можат да се вратат на активниот спорт“ изјави Гонзалес која споменатиот меч го заврши со 8 поени, а нејзиниот тим славеше триумф со 61:44.