Хоакин: На Куман не би му дал да биде ниту домар

Хоакин: На Куман не би му дал да биде ниту домар

пред 3 години

Легендата на Ла Лига, Хоакин, во пресрет на гостувањето на Бетис во Барселона, дал интервју за радиото Кадена СЕР. Особено е интересен делот во кој Хоакин говори за периодот кога во Валенсија тренер му бил Роналд Куман.

Хоакин пет сезони од кариерата мина во Валенсија, а во периодот од ноември 2007 до април 2008 година, тренер му бил Роналд Куман. Холанѓанецот на 34 натпревари ја предводел Валенсија, добил отказ бидејќи забележал 14 порази.

„Не беше лесно и пријатно. Не сакам да говорам за тоа што тогаш се случуваше, имам лоши спомени од тој период. Лошо се чувствував во Валенсија под негова команда“, рекол 39-годишниот фудбалер.

Хоакин рекол дека никогаш не би го ангажирал Куман за тренер.

„Не би го ангажирал Куман ни за домар (хаус-мајстор). За среќа, во Валенсија на издржа долго, успеавме да ја спасиме сезоната. Нема да го поздравам, ниту пак тој ќе ме поздрави. Беше лошо она што го преживеавме додека тој ни беше тренер“, признал Хоакин.

Бетис, во сабота, ќе гостуваат кај Барселона.

Share
Scroll to Top