Холандија ја „наполни“ Грузија, Англичаните со пенал-победа над Романија

Холандија ја „наполни“ Грузија, Англичаните со пенал-победа над Романија

пред 3 години

Холандската фудбалска репрезентација, еден од нашите противници на ЕУРО 2020, по критиките по 2:2 ремито со Шкотска, стигна до убедлива 3:0 победа над Грузија во последниот подготвителен меч пред шампионатот.

Англичаните, со еден погоден и еден утнат пенал стигнаа до 1:0 победа над Романија, додека уште едни наши следни противници, Австрија одиграа мирољубиви 0:0 со Словачка.

Мемфис Депај ги донесе „лалињата“ во водство уште во 10. минута со гол од пенал, а во второто полувреме му асистираше на Вут Вегхорст за 2:0 во 55. минута, пред тинејџерот Рајан Гравенберх да ги постави конечните 3:0 во 76. минута.

Англичаните во Мидлзборо, стигнаа до 1:0 победа над Романија со голот на капитенот (за овој меч), Маркус Рашфорд во 68. минута, за 10 минути подоцна ударот на Џордан Хендерсон од белата точка да биде одбранет.

ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧЕВИ:

Австрија – Словачка 0:0

Холандија – Грузија 3:0

Англија – Романија 1:0

Данска – Босна и Херцеговина 2:0

Луксембург – Шкотска 0:1

Молдавија – Азербејџан 1:0

Share
Scroll to Top