Холанѓанецот од Ајнтрахт се сели во Клуб Бриж

Холанѓанецот од Ајнтрахт се сели во Клуб Бриж

пред 3 години

Холандскиот напаѓач Бас Дост кариерата ќе ја продолжи во Клуб Бриж. Дост со лидерот во Жупие лигата потпишал договор до крајот на сезоната. Ајнтрахт, екс-клубот на Дост и Бриж на своите интернет страници го потврдија трансферот на 31-годишниот напаѓач.

Дост, стана член на Ајнтрахт во 2019 година, кога потпиша тригодишен договор. Ајнтрахт објави дека Бриж испратиле добра понуда, за Дост, без да објават конкретна сума.

Холанѓанецот, од почетокот на сезоната, настапил на 12 натпревар за Ајнтрахт, на кои постигнал четири гола.

Клуб Бриж се лидери во првенството на Белгија, а во февруари ќе играат против Динамо Киев во 1/16 финалето, во Лига Европа.

Share
Scroll to Top