Холанѓаните се намачија, но останаа први, Русија и Хрватска во „мртва“ трка за врвот

Холанѓаните се намачија, но останаа први, Русија и Хрватска во „мртва“ трка за врвот

пред 2 години

Дејви Класен го постигна единствениот гол по асистенција на неизбежниот Мемфис Депај за Холандија на Луис ван Гал да стигне до тешка 0:1 победа на гости кај Летонија и да го заддржи првото место во групата Г во квалификациите за Светското првенство, искористувајќи го 1:1 ремито помеѓу Турција и Норвешка.

Во групата Х пак, Русија и Хрватска стигнаа до нови победи за да останат израмнети со по 16 поени на врвот на табелата по седум одиграни мечеви.

Лука Модриќ утна пенал против Кипар, но „коцкестите“ стигнаа до рутинска 0:3 победа со головите на Перишиќ, Гвардиол и Ливаја, додека „зборнаја“ со 1:0 ја совлада Словачка со автоголот на Милан Шкринијар во првото полувреме.

Интересен беше и дуелот на Чешка и Велс, кои се борат за второто место во групата Е зад Белгија, кој заврши 2:2. Арон Ремзи продолжи своите најдобри партии да ги дава за репрезентацијата со гол во 24. минута, пред Чесите да израмнат преку Јан Пешек во 38. минута. Дени Ворд си постигна автогол на стартот на првото полувреме, но Велс освои поен благодарение на голот на ѕвездата на Лидс, Даниел Џејмс.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2022

ГРУПА Е

Чешка – Велс 2:2

Естонија – Белорусија 2:0

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Г

Гибралтар – Црна Гора 0:3

Летонија – Холандија 0:1

Турција – Норвешка 1:1

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Х

Кипар – Хрватска 0:3

Малта – Словенија 0:4

Русија – Словачка 1:0

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top