Актуелниот шампион Хорхе Мартин ќе се врати на патеката претстојниот викенд на трката за ГН на Катар, потврди Априлија.
Шпанецот беше надвор од патеката од првиот ден од предсезонските тестирања во Малезија, кога заработи фрактура на левата рака и десното стапало. Мартин потоа заработи скршеница на десната рака на неколку дена пред почетокот на сезоната и уште тогаш беше јасно дека нема да може да се врати на патеките пред четвртиот круг од сезоната.
Бранителот на титулата досега ги пропушти трките во Тајланд, Аргентина и САД. На првите две трки победи возачот на Дукати Марк Маркез, а во САД славеше неговиот тимски коелга, Пеко Бањаја.
Априлија, инаку, побарала дозвола Мартин да го тестира овогодинешниот мотоцикл пред да се врати на патеката, но тоа барање било одбиено бидејќи не било во согласност со правилата, но сето тоа започнало преговори за промена на прописите околу враќањето на возачите на патеката по одреден период отсуство.
Мартин беше заменет во првите три трки од сезоната со Лоренцо Савадори, тест возачот на Априлија.
Минатата година Мартин триумфираше во спринтот на патеката „Лусаил“, додека трката Големата награда на Катар ја заврши на третото место.