Хосам Хасан: Грабежот нема да му помогне на Меси да се издигне над поштениот Роналдо

Хосам Хасан: Грабежот нема да му помогне на Меси да се издигне над поштениот Роналдо

пред 8 часа

Фудбалерите на Египет беа поразени од Аргентина на 7 јули, во осминафиналето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, по неверојатен пресврт. Водеа 2:0, до 15 минути пред крајот, но загубија со 2.3.

Селектор Хосам Хасан сè уште не може да се помири со елиминацијата, поради спорни ситуации и дискутабилни судиски одлуки, на штета на неговата репрезентација.

„Не можам да го преболам натпреварот што го игравме против Аргентина. Се обидов да го гледам повторно неколку пати и сè уште не можам да разберам што всушност направија судијата и ВАР-от. Сè уште се обидувам да разберам како Аргентина помина без ниту еден жолт картон откако направи 13 прекршоци против нас, додека нашите играчи беа казнети за помали прекршоци“.

Мислам дека сите тимови што имаа контроверзни одлуки во корист на Аргентина треба да се обединат и да бараат соодветна ревизија на нивните натпревари бидејќи ова е чист грабеж на Светското првенство“, рече Хасан.

На крајот од уште едно во серијата интервјуа, тој не пропушти лично да го впери прстот кон Лионел Меси.

„Тие прават сè за Меси повторно да го освои Светското првенство, но не разбираат дека дури и да му дадат на Меси пет Светски првенства нема да го стават над Роналдо, кој постигна сè на фер начин. ФИФА треба да се засрами што дозволи ова да се случи на најголемиот фудбалски турнир во светот“, тврди Хасан.

Share
Scroll to Top