Хрватска ја „уништи“ Турција, Летонија со шок за Грција

Хрватска ја „уништи“ Турција, Летонија со шок за Грција

пред 3 години

Хрватска е на чекор од пласман на Евробаскетот во 2021 откако со 79:62 ја совладаа Турција во квалификациите и покрај присуството на Шејн Ларкин.

Ова беше трета победа едноподруго за „коцкестите“, на кои сега им е потребна една победа во мечевите со Шведска или Холандија за да се пласираат на првенството. Миро Билан постигна фантастични 30 поени и 12 скокови, Жељко Шакиќ додаде 17 поени, додека кај Турција најдобри беа Мелих Махмутоглу со 14 поени и Шејн Ларкин со 12 поени.

Уште поголемо изненадување направи Летонија, откако со 77:66 ја совлада фаворизираната Грција за да ја искомпликува ситуацијата во групата Х, каде што се уште Босна и Херцеговина и Бугарија.

Летонците имаа неверојатни 20 поени предност во второто полувреме, пред тие да се вратат на 50:64. Мартинс Лакса имаше 19 поени, додека Димитрос Аграванис за Грците беше најефикасен со 15 поени.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2021

Холандија – Шведска 78:76

Чешка – Белгија 62:90

Хрватска – Турција 79:62

Грција – Летонија 66:77

Велика Британија – Франција 56:79

Литванија – Данска 76:80

Share
Scroll to Top