Хулијан Алварез ја затвори вратата за трансфер во Барселона

Хулијан Алварез ја затвори вратата за трансфер во Барселона

пред 3 часа

Барселона се обидува, но како што стојат работите нема да го добие Хулијан Алварез. Сагата околу аргентинскиот напаѓач тргна во неочекувана насока, пишува „Марка“.

Барселона понуди 100 милиони евра за Алварез, а од „Метрополитано“ добија едно големо „Не“. Атлетико порача дека Аргентинецот може да замине само доколку Барселона ја плати клаузулата за откуп од 500 милиони евра.

Каталонците се надеваат дека Алварез, кога ќе се врати во Мадрид на 10 август ќе изврши дополнителен притисок врз клубот, да го одобри трансферот.

„Марка“ денес објави дека Алварез решил да ги смири страстите со челниците на Атлетико, а не да врши дополнителен притисок врз нив како што очекуваше Барса.

Според овој извор, Алварез повторно воспоставил контакт со челниците на Атлетико и ситуацијата била многу подобра во споредба со претходниот период. Напаѓачот го започнал индивидуално да тренира, за да им се приклучи на соиграчите во добра форма на подготвките.

„Аргентинецот е свесен дека трансферот во моментов е целосно блокиран и дека веројатно ќе остане во Атлетико, а очигледно е дека повеќе не сака да има „лоша крв“ меѓу него и клупските челници, тренерот и секако навивачите, бидејќи му се заканува да ја започне сезоната на трибините“, шишува „Марка“.

Од друга страна Барселона нема да ја повлече понудата, во надеж дека чудо може да се случи до крајот на преодниот рок, но на „Ноу Камп“ веќе започнале да ги разгледуваат опциите за засилување во нападот.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top